Од 1 јануари 2026 година, електронската фактура во Македонија повеќе не е опција — таа е обврска. Секоја фактура мора да помине низ системот на УЈП пред да стигне до купувачот. За поголем дел од компаниите, ова значеше едно: дополнителна рачна работа секој ден.
Ние решивме поинаку.
Системот работи — вие не треба да прават ништо
Развивме решение кое автоматски ги зема фактурите директно од вашиот ERP систем и ги испраќа до УЈП — без никаква рачна интервенција. Системот работи во позадина, на секои 15 минути, и ги обработува новите фактури штом ги внесете во вашиот сметководствен програм.
Не кликате копчиња. Не извезувате фајлови. Не се најавувате на портали.
Поддржани системи
Решението во моментов работи со два ERP системи кои се широко застапени кај македонските компании — eSystem и Трон Интер Центар. Секоја инсталација се конфигурира за вашиот конкретен систем, со директна врска до вашата база на податоци.
Прегледност во секој момент
Покрај автоматската обработка, развивме и веб апликација која ви дава целосна контрола и увид во состојбата:
- Кои фактури се успешно испратени до УЈП и кога
- Кои чекаат обработка и кои имале грешка
- EUID и QR линк за секоја испратена фактура
- Детален лог на сите активности
- Можност за рачно ресетирање на фактури со грешка
Исто така, апликацијата овозможува преглед на влезни фактури — сите фактури кои ги примате од вашите добавувачи преку УЈП, со можност за нивно прифаќање или одбивање директно од апликацијата.
За кого е ова решение?
За секоја компанија која секојдневно издава поголем број фактури и не сака тоа да стане административна тежина. Особено е корисно за трговски компании, дистрибутери и сервисни фирми каде брзината на издавање фактури директно влијае на работниот тек.
Следен чекор
Ако сакате да видите како функционира решението во пракса или да разговарате за имплементација кај вас, слободно контактирајте нè.