Канцелариско и архивско работење до 10 деловодници
Датум на испорака: 1-2 дена
Верзијата Канцелариското и архивско работење е наменета за сите приватни фирми со над 49 вработени и сите државни и јавни претпријатија.
Бесплатна испорака
Канцелариско и архивско работење до 10 деловодници и неограничен број на корисници.
Електронскиот деловодник се состои од четири главни дела: Корисници и нивни улоги, Шифранти, Писарница и Архива.
Корисниците на софтверот се организирани врз основа на улогите што ги имаат. Според улогите што ги добиле, едни корисници можат да скенираат и да внесуваат документи, а други само да ги пребаруваат и да ги печатат документите. Правата на пристап се ограничени на ниво на план на архивски знаци, на ниво на видови документи и на ниво на организациони единици.
Шифрантите се поделени на: години, план на архивски знаци, видови документи, организациони единици и деловни партнери. Шифрантите ни служат за означување и поедноставно групирање на документите
Главниот дел е Писарницата. Документите и покрај тоа што можат да се евидентираат, можат и да се пребаруваат по сите основи. Документите можат да се превземаат за преглед или печатење. По решавањето се разведуваме од документите и ги архивираме.
Од писарницата можеме да креираме Интерна доставна книга, Книга за место и Книга за пошта.
Од писарницата се печати електронскиот деловодник. Се експортира во Word документ и да се печати во форма која е согласно законот за канцелариско и архивско работење.
Архивското работење ни овозможува одбирање и евидентирање на архивскиот од документарниот материјал.
Потоа креирање на попис и опис на архивскиот материјал.
Попис на документарниот материјал за негово уништување.
Предавање на јавен архивски материјал
Предавање на јавен архивски материјал создаден во електронска форма