Политиката на приватност на www.lid.mk појаснува каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на оваа веб страна. Оваа политика на приватност се однесува само за www.lid.mk и поддомените, а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.
Секој купувач при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика на приватност.
Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за успешна достава на производот и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.
Информациите кои нам ни се потребни се: Име и презиме, e-mail адреса, Адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт.
Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија.
www.lid.mk не собира никакви информации од финансиска природа како број на Картичка и/или број на банкарска сметка.
Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички платежниот провајдер кој користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со провајдерот.
Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци.
Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и www.lid.mk нема намерно да собира или користи податоци од малолетни лица.
www.lid.mk ги превзема сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.
Оваа политика на приватност стапува на сила од 03 Септември 2018 година. Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на веб странатa www.lid.mk најмалку 7 дена пред да стапат во сила.