Многумина си го поставуваат прашањето „Како да отворам интернет продавница?“. Во оваа тема јас ќе се обидам да ви дадам одговор на сите прашања. Ако има нешто нејасно или не се сложувате - ве молам поставете прашање или оставете коментар.
Кој може да отвори интернет продавница?
Интернет продавница може да отворат физички и правни лица. Има многу повеќе ограничувања ако сте физичко лице. Физичките лица можат без проблем да продаваат производи кои самостојно ги произведуваат или пак услуги кои самостојно ги вршат. Правните лица од друга страна можат да продаваат сопствени производи и услуги, но и да продаваат од други добавувачи. Има малку и кај правните лица ограничување кога станува збор за производи од други добавувачи од страна на странските провајдери за процесирање на плаќањата со картички кои бараат веродостојни договори со добавувачите во кои јасно треба да биде наведено дека дозволуваат нивните производи да се продаваат во Вашата интернет продавница. Кај домашните банки во Македонија нивото на контрола на добавувачите е многу помало и со нашите банки е многу поедноставно да си направите договор за
процесирање на плаќањата со картички. Сите платежни провајдери (домашни и странски) не дозволуваат да се продаваат недолични производи или производи кои се забранети за продажба со закон.
Со кои домашни платежни провајдери може да се склучи договор?
Со сите комерцијални банки во Македонија кои нудат услуга за процесирање на плаќањата преку интернет. Ние како фирма имаме позитивни искуства со Стопанска банка, НЛБ Банка, Комерцијална банка и Халк банка. Не значи дека другите не нудат добра или подобра услуга, туку дека ние досега сме имале сорабтка само со овие 4 банки.
Кое софтверско решение е најдобро за употреба?
Јас лично преферирам да се користи бесплатен софтвер или софтвер со отворен код бидејќи на овие платформи со отворен код работат многу програмери од цел свет и како такви решенија нудат најмногу можности и тоа бесплатно. На следниов линк од Википедија СПОРЕДБА НА ИНТЕРНЕТ ПРОДАВНИЦИ можете да ја погледнете споредбата на овој вид решенија.
Ние го одбравме nopCommerce како најсоодветно за користење и станавме сребрени партнери за развој на решенија за nopCommerce.
Каде да ја хостирам продавницата?
Во претходниот лик од Википедија се наведени најголемиот број на софтвери за интернет продавница. Секој од нив има сопствена интернет страна на која се истакнати партнерите за хостинг со кој тоа софтверско решение има соработка. Најдобро е да одберете хостинг од понудените партнери за хостинг на решението, бидејќи така со купување на хостингот ќе добиете и можност со неколку клика да си ја инсталирате и отворите Вашата интернет продавница. Во спротивно ќе треба да ангажирате некое стучно лице или компанија да го направи тоа за вас. Ако имате намера да продавате само во Македонија и очекувате голем број на посетители треба да размислите за опцијата да хостирате во Македонија, бидејќи така ќе добиете многу поголема брзина за вашата интернет продавница. Поголемата брзина овозможува посетителите да се одлучат да ве посетуваат почесто. Едни од подобрите хостинг фирми во Македонија се: Македонски Телеком и Неотел. Не дека нема други, ама ние како остварена соработка со овие 2 фирми имаме позитивно искуство.
За оние кои ќе се одлучат за nopCommerce ви го препорачувам SmarterASP бидејќи нуди цена од 2,95 USD месечно, сервери во Европа и 60 дена бесплатен тест период. Останатите хостинг провајдери за nopCommerce може да ги најдете на следниов ЛИНК.
Дали ми е потребно и нешто друго?
Секако :) Потребна ви е фиксна ИП адреса која е обврзувачка за обезбедување на условите кои ги бара банката која го процесира плаќањето со картички. Овој трошок на месечно ниво во најголемиот број на случаи изнесува 2 USD.
Некои банки бараат обврзувачи да поставите сигурносен сертификат познат како SSL кој овозможува вашите страници на интернет продавницата да бидат безбедни за прелистување и безбедно за купување. Иако не ги бараат сите платежни провајдери, моја препорака е да си обезбедите сигурносен сертификат, бидејќи така довербата на купувачите ќе биде поголема и ќе имате поголем број на продажби. Трошокот за SSL на годишно ниво изнесува 25 USD во најголемиот број на хостинг партнери, но може да биде и поскап. Во SmarterASP за nopCommerce, цената за SSL е 25 USD.
Како да ја поврзам интернет продавницата со банката?
За оваа цел потребен ви е модул или приклучок за процесирање на плаќањето преку платежниот провајдер. LID.MK како nopCommerce партнер Ви нуди приклучоци за процесирање на плаќањето по многу пристапна цена на следниов ЛИНК. За останатите софтверски решенија за интернет продавница ќе побарате на нивната страна во делот "market place". Ова мора да го направите пред да изберете која интернет продавница ќе ја користите за да не се случи да нема можност и потоа да останете со потрошени средства, а да немате можност да продавате преку интернет.
Основно:
- Софтвер - интернет продавница
- Хостинг
- Фиксна ИП адреса
- Сигурносен сертификат
- Модул (приклучок) за процесирање на плаќањата со картички
- Договор со банка за реализација плаќањата со картички
Во кратки црти ова се основните елементи за почеток. Секако тука не застануваме.
Како да изгледа интернет продавницата?
Секоја интернет продавница треба да има добро осмислен дизајн бидејќи дизајнот е еден од клучните елементи за привлечност на посетителите. Секоја продавница во основа потребно е да ги содржи следниве елементи:
- насловна страна,
- глава - хедер,
- нога - футер,
- групна страна,
- детална страна,
- кошничка,
- купувачи
- најава,
- кошничка,
- нарачки.
Ова се основните елементи за изгледот на страната за крајните купувачи. Интернет продавницата потребно е да има администраторски дел преку кој Вие ќе ги уредувате содржините на интернет продавницата и ќе ги евидентирате и организирате нарачките, плаќањата и испораките.
Скоро секоја интернет продавница во делот "market place" има избор на бесплатни дизајни (теми). Вие треба да ги погледнете и да си избетере соодветна тема која ќе ја имплементирате. При изборот потребно е да внимавате на верзијата на темата да одговара на верзијата на интернет продавницата.
Ние како nopCommerce партнери имплементираме едни од најдобрите дизајни од нашите соработници nop-templates и имаме специјална цена за сите наши купувачи. За купувачите кои ќе нарачаат услуги од нас за имплементација на интернет продавница во вредност над 800 евра им нудиме бесплатно да одберат дизајн од 25 најдобри теми и 10 приклучоци како и приклучок за плаќање со кредитни картички и на тој начин да заштедат 320 USD.
Колку чини инвестицијата во една интернет продавница?
Што ни останува како трошок ако избереме да користиме бесплатен софтвер за интернет продавница, бесплатна тема за дизајнот и самостојно ја изведеме инсталацијата и имплементацијата?
- Хостинг (2,95 USD) месечно
- Фиксна ИП адреса (2 USD) месечно
- SSL (околу 2 USD) месечно
- Приклучок за поврзување со банка за реализација на плаќањата со картички (70 USD) еднократно
- Месечен трошок према банката (зависно од договорот со банката. некаде е бесплатно, некаде е 1000 денари а некаде е 2000 денари) Банките задржуваат и провизија од трансакциите од 2% до 3%. Некогаш овој процент ја надминува месечната сума и во тие ситуации банката не ви наплаќа месечно.
Се на се месечниот трошок не е повеќе од 1.500 денари и имате еднократно за приклучокот 3.900 денари. Релно за волку пари класична продавница е невожможно да имате.
Секогаш можете да се одлучите место вас, да му ја дадете довербата на друг, да ви ја инсталира и имплементира интернет продавницата.
- Сакате да се отворите интернет продавница?
- Ви треба премиум поддршка?
- Сакате да ја однесете вашата продавница на повисоко ниво?
- Имате потреба од модули или теми согласно Вашите потреби?
- LID.MK може да го прилагоди nopCommerce да одговара на вашата продавница совршено. Нашата експертиза лежи во прилагодување на nopCommerce и премиум поддршка.
Оптимизација на алатките за пребарување - SEO?
Јас овде нема многу да објаснувам, само ќе дадам ЛИНК кој ова го објаснува убаво. Ќе напоменам дека поголемиот дел од интернет продавниците содржат во себе модули за оптимизација на алатките за пребарување. Секако nopCommerce ова ги има во себе и тоа на едно многу високо и суфистицирано ниво и е многу едноставно за Вас да го менаџирате. Според мене оптимизацијата е потребно да ја прави лице кое ја познава дејноста на фирмата т.е. ги познава артиклите или услугите кои ги продавате. Со малку обука од интернет или од некоја фирма како LID.MK ќе можете перфектно да си ја правите оптимизацијата на алатките за пребарување за вашите производи и услуги.
Ја отворив интернет продавницата и никој не купува. Зошто?
Основно е претходните услови да бидат исполенти во целост за да можеме да одиме понатаму. Скоја интернет страница има потреба од промоција. Исто така и интернет продавницата има потреба од промоција. Без промоција многу веројатно е дека никој нема да знае дека постоите и нема да се купува кај вас. Основно е прво да направите SEO па потоа да одите кон промоција. Јас би напоменал дека најдобро е да изготвите маркетинг план и врз основа на планот да одите со промоциите. Денес сите се на интернет, така и треба да се насочите кога размислувате на промовирање на продвницата. Интернет рекламирањето може да ви донесе најмногу купувачи за најмалку пари. LID.MK е експерт во изготвување на маркетинг планови и организација на промоциите преку интернет.
Автор:
Димитар Јовановски
повеќе за nopCommerce
nopCommerce е водечки, ASP.NET базиран, open-source за e-commerce платформа. Тоа е решение со сеопфатна карактеристики кое може да се примени за сите видови на корисници од нови онлајн бизниси, кој растат многу брзо, до оние кои барат специфични e-commerce модули и дизајни.
LID.MK од Октомври 2018 година е официјален nopCommerce партнер за развој на решенија.
Во моментов nopCommerce е една од најсигурните, најстабилните и наједноставните ecommerce платформи за проширување. Има повеќе од 2,5 милиони пати симнувања, и повеќе од 50.000 активни интернет продавници кои работат врз платформата на nopCommerce.
Најдоброто нешто во врска nopCommerce е тоа дека навистина е бесплатен, не постојат скриени трошоци или било какви други стапици. Покрај тоа, постои богата архитектура на платформата, има пристап до голем број на бесплатни додатоци спремни за користење – веднаш. Постојат голем број на дополнителни функционалности кои може да се најдат во папката за додатоци и теми. Исто така бесплатната поддршка на Форумите во заедницата е многу важна опција.
nopCommerce може да се инсталира и стартува во неколку минути. Едноставно преземете софтверот и следете ги едноставните инструкции за инсталација. nopCommerce е развиена користејќи ги предностите на најновите технологии кои се располагање.
nopCommerce е оптимизиран за пребарувачите, и овозможува на вашата интернет продавница да ги исполни сите стандарди за пребарувачите. Од пребарување пријателски адреси до правилно структурирана содржина и производи, ќе видите дека nopCommerce е изграден да им помогне на вашите клиенти едноставно и лесно да ги лоцираат сите содржини.
Сакате да се отворите интернет продавница?
Ви треба премиум поддршка?
Сакате да ја однесете вашата продавница на повисоко ниво?
Имате потреба од модули или теми согласно Вашите потреби?
LID.MK може да го прилагоди nopCommerce да одговара на вашата продавница совршено. Нашата експертиза лежи во прилагодување на nopCommerce и премиум поддршка.
Контактирајте го нашиот тим веднаш !
Превземи го nopCommerce бесплатно.
Демо верзија во живо.
Документација.
Форуми за бесплатна поддршка.
Превземи приклучоци од LID.MK
edno prasanje: Dali preporacaniot modul "nopCommerce" moze da raboti so Shopify ili Wordpress
Zdravo,
edno prasanje: Dali preporacaniot modul "nopCommerce" moze da raboti so Shopify ili Wordpress
Со nopCommerce немате потреба од Shopify или Wordpress. nopCommerce е целосно решение кое во себе содржи веб страна, веб каталог со продавница, форум, блог и многу други модули.
Dali moze da se otvori int prodavnica odnosno turisticka agencija? Blagodaram, pozz.
nopCommerce е идеална алатка за туристички агенции. Повелете, контактирајте не за се што ви е потребно.
Знаеме дека може без проблем да нуди и продава но дали наплатата може да ја прави со кредитна картичка директно во е-продавницата!
За да вршите наплата ви треба договор со една од комерцијалните банки во Македонија. А банките ќе ве проверат дали споменатиот услов е исполнет.
Се надевам дека сега е јасно.
Ако сакате повеќе информации може да се обратите до било која од банките и ќе ве информираат детално.
1. Ако имам интернет фирма како физичко лице како би можела да си плаќам пензиско и здравствено осигурување;
2. Како би одело со обврските према Државата во смисла на плаќање ДДВ, персонален данок и сл.
За ДДВ ќе прашате во УЈП
На прашањето „Дали интернет продавницата треба да се регистрира како фирма“ мислам дека одговорот кој веќе е даден е доволен
„Физичките лица можат без проблем да продаваат производи кои самостојно ги произведуваат или пак услуги кои самостојно ги вршат.“
Во секоја друга варијанта мора да имате фирма.